- Мојс: шефовите знаат дека го избраа вистинскиот човек
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс раскажа за перспективите пред тимот оваа сезона.
"Убеден сум дека раководството на клубот знае, дека го избрало вистинскиот човек за функцијата менаџер на тимот. Сер Алекс е исто така вклучени во овој избор. Секој кој пристигнува на ново работно место, постепено се запознава со ситуацијата и јас не правам исклучок од тоа. Знаев, дека пристигнува во тим со одлични играчи, знаев дека пред нас ќе има тешки времиња. Но јас исто така сум убеден, дека играчите ги знаат условите во овој клуб, стандардите и работејќи напорно, работите ќе се остварат. Не се сомневам во тоа".
"Дали сун загрижен за одбраната на титулата? Повеќе сум загрижен од поразот од ВБА. Сега мојата најголема загриженост е поврзано со тоа. Во Премиер лигата сезоната е долга и во текот на годината се случуваат големи промени, вие веќе сте го забележале. Ние ќе се приближиме до првите места на табелата што е можно побрзо", изјави Мојс.

No comments:
Post a Comment