- Тројца повреден се враќаат во Ливерпул за натпреварот со Њукасл
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс очекува Глен Џонсон, Али Сисоко и Џо Ален да се вратат во тимот по паузата за националните тимови.
Засега тој верува, дека ќе може да смета на повеќе опции за дуелот од 7-то коло на Премиер лигата против Њукасл .
"Џонсон веќе тренира со останатите и се надевам по паузата да е подготвен да се врати во игра. Ние сме океј. Али Сисоко направи неколку тренинзи во последната недела, па и тој би требало да биде во ред по натпреварите за националните тимови. Џо Алан исто така, требаа да биде подготвен за Њукасл. Кутињо исто така би требало да биде подготвен. Себастијан Коатес ќе отсуствува малку подолго и треба да направи уште неколку работи за да се врати", изјави Роџерс.

No comments:
Post a Comment