Thursday, 3 October 2013

ГИГС СО РЕКОРД ПО НАТПРЕВАРИ И СЕЗОНИ ВО ЛШ.

-  Гигс веќе е № 1 во натпреварите во ЛШ.

Рајан Гигс со нов рекорд во кариерата синоќа. Ветеранот на Манчестер Јунајтед влезе како резерва против Шахтјор Донецк и тоа беше неговиот 145-ти натпревар во натпреварувањето на шампионите. Благодарение на тоа велшанецот ја помина легендата на Реал Мадрид, Раул, кој има 144 натпревари. Гигс го замени Маруан Фелаини во натпреварот со Шахтјор и оствари учество во 19-та сезона во натпреварувањето, што исто така е рекорд. Следниот по овој индикатор е Пол Сколс, кој има 17 сезони.
"Многу сум горд на тоа, што веќе го држам рекордот за најмногу натпревари. Одлично е, но малку жалам, затоа што не го победивме натпреварот", призна Гигс пред "Скај Спортс".
За овие 145 натпревари во натпреварувањето Гигс има 28 гола. 39-годишниот велшанецот го освоил трофејот два пати во својата кариера,во 1999 и во 2008 година.

No comments:

Post a Comment