Thursday, 3 October 2013

МЕРТЕЗАКЕР МУ ПОМАГА НА ОЗИЛ ЗА АДАПТАЦИЈА ВО ТИМОТ И ГРАДОТ.

-  Мертезакер помага за адаптацијата на Озил

Дефанзивецот на Арсенал, Пер Мертезакер призна, дека прави се што е можно за да им помага на својот сонародник Месут Озил со животот во клубот и надвор од него.
"Месут знае како да игра фудбал. Токму за таа цели дојде овде. Затоа му треба помош со ситни детали. Станува збор за тоа, како да се снајдеш низ Лондон, како да дојдеш на тренингот, како да побараш и добиеш нешто. Тој само треба да ѕвони и ќе можам да му помогнам."
"Треба да му помагам, бидејќи многу е важно тој да се вклопи брзо во тимот. Така ќе може да игра со потребната слобода. Тој е таков, има неверојатна визија и со него сме многу поопасни и можеме да се бориме на повисоко ниво. Правиме се, за да го натераме да се чувствува удобно, за да се адаптираат полесно и засега се оди добро", изјави Мертезакер.

No comments:

Post a Comment