- Мојс: На хартија ова е добар резултат
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс го прифати филозофски ремито 1:1 против Шахтјор Донецк во групата "А" од Лигата на Шампионите.
"Тимот стоеше добро вечерва. Сметам дека се заштитиме доста успешно и верував дека нема да примиме гол. Освен тоа Ван Перси имаше добра можност да го зголеми водството, и ако постигнеше погодок, ќе победевме доста лесно. При нивниот погодок топката мина низ неколку играчи, пред се стигне до Видиќ каде имаше рикошет и им овозможи да израмнат. На крајот сепак освоивме бод во Лигата на Шампионите. Во моментов тоа не ни дава голема предност, но на хартија тоа е добар резултат во гостување против тежок противник ", изјави Мојс.

No comments:
Post a Comment