- Суарез не се продава
Луѓе од раководството на Ливерпул ги демантираа неодамнешните информации, дека клубот е подготвен да се раздели со својата ѕвезда Луис Суарез во зимскиот транферен прозорец. Голем број англиски медиуми објавија дека од "Енфилд " се подготвени да прифатат понуда во износ меѓу 40-50 милиони фунти, но ако таа биде упатена од клуб надвор Премиер лигата.
"Клубот јасно покажа, дека Суарез има договор за уште три години. За да бидеме искрени кон играчот, Суарез исто така покажа посветеност на теренот по издржувањето на казната. Што ќе се случи во натамошниот период зависи од клубот и фудбалерот и разговорите меѓу нив во текот на летото. Тогаш ќе остане две години до крајот на неговиот договорот и е традиционална практика да бидат започнати преговори за продолжување на актуелниот договор. Ќе видиме како ќе се развиваат работите во текот на летото, кога ќе почнат преговорите. Менаџерот на тимот е категоричен дека Суарез ќе биде третиран како секој друг фудбалер на тимот со договор", коментира извор од " Енфилд " пред BT Sport.

No comments:
Post a Comment