- Белгиец бега од Мурињо, за да игра на светското
Белгискиот репрезентативец Кевин де Брујин сака да го напушти Челси во јануарскиот преоден рок, изјави агентот на крилото Патрик де Костер.
22-годишниот Де Брујин се врати на " Стемфорд Бриџ" во текот на летото по една година на позајмица во Вердер Бремен, откако доби потврда од новиот менаџер на лондончани Жозе Мурињо дека ќе добие шанса за докажување.
Белгиецот започна како стартер во само два натпревари од Премиер лигата од почетокот на сезоната. Тој е загрижен, дека недостатокот на време за игра може да го извади од составот на националниот тим за СП 2014 во Бразил.
Германскиот Волфсбург има сериозен интерес кон Де Брујин, кој исто така е подготвен да заигра повторно во Бундеслигата.
"Ако Челси му даде дозвола на Кевин да си бара клуб во зимата, прво ќе разговараме со Клаус Алофс (спортски директор на Волфсубрг )", рече Де Костер.

No comments:
Post a Comment