- Дани Агер: Ливерпул треба да се врати во Европа
Дефанзивецот на Ливерпул, Даниел Агер смета, дека е време тимот да се врати во евронатпреварувањата догодина.
"Секој сака да игра во Европа, бидејќи таму е најголемата атракција, особено кога станува збор за Лигата на Шампионите. Помалиот број на средби, кои ги играме во моментов во споредба со нашите главни ривали ќе ни даде предност и ќе можеме да се опоравиме подобро и да бидеме мотивирани. Пред секој натпревар си поставуваме една цел, а тоа е само победа. Нема како да победиме во секој пат, но секогаш сме во потрага по трите бодови. Одамна, чекавме таков добар почеток и треба да продолжиме по истиот начин. Ни претстојат уште многу натпревари, но засега работите изгледаат добро", смета Агер.

No comments:
Post a Comment