- Мичу не сака да биде продаден
Напаѓачот на Свонси, Мичу не обрнува внимание на шпекулациите за негов трансфер. Голгетерот е посакуван од повеќето водечки екипи во Англија, како и од други клубови од Европа откако веќе постигна 27 погодоци во 56 натпревари за "лебедите". Во моментов, сепак тој е среќен на "Либерти Стејдиам" и не сака да биде продаден по секоја цена.
"Во моментов не размислувам за ништо слично. Се обидувам да уживам во играта во Свонси. Ова е скромен тим, но пак веќе играме во Европа и освоивме едно признание минатата сезона, првото во историјата на клубот", изјави Мичу.

No comments:
Post a Comment