CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 15 October 2013

КОЛОЧИНИ НЕИЗВЕСЕ ЗА СРЕДБАТА СО ПУЛ, ПО МУСКУЛНА ПОВРЕДА.

-  Колочини под знак прашалник за натпреварот со Ливерпул

Дефанзивецот на Њукасл, Фабрицио Колочини ќе биде под знак прашалник за средбата со Ливерпул во саботата. Аргентинецот заработи повреда додека беше со националниот состав на својата земја за квалификациите за светското првенство и беше изваден од составот за дуелот со Уругвај во вторникот. 
"Тренерското раководство го ослободи Фабрицио Колочини, кој добил мускулна повреда", соопштија од страна на аргентинската федерација. 
Сега претстои дефанзивецот да помине дополнителни тестови, кои ќе покажат колку сериозен е проблемот. Ако Колочини не успее да се опорави навреме, веројатно неговото место во центарот на одбраната на "страчките" ќе го заземе Мапу Јанга-Мбива.

No comments:

Post a Comment