Wednesday, 2 October 2013

ФЕРГИ: АБРАМОВИЧ МЕ ПОСАКУВАШЕ ВО ЧЕЛСИ, НО ЈА ОДБИВ ПОНУДАТА

-  Сер Алекс: Абрамович ме сакаше во Челси

Сер Алекс Фергусон инсистира, дека нема намера да се враќа на менаџерскиот пост и верува дека Манчестер Јунајтед е во добри раце во моментов .
"Немам намера да се враќам кон работата на менаџер. Јунајтед е во добри раце со Дејвид Мојс на чело. Тој ќе се справи, добар менаџер е. Ќе си ги фрлите парите на ветрот, ако одите да се обложуваат дека ќе се вратам како менаџер. Јас ја зедов мојата одлука. Моментот беше идеален. Нема враќање назад за мене, сега имам нов живот", рече Фергусон, кој беше гостин на Чарли Роуз од PBS.
Сер Алекс откри дека собстевникът на Челси, Роман Абрамович се обидел да го доведе на "Стемфорд Бриџ" во 2003 година, но удрил на камен.
"Тие користеа агент за да се поврзат со мене, кога Абрамович го купи Челси, но јас кажав, нема шанси", рече Фергусон . Шкотланѓанецот потврди дека Вејн Руни посакал да го напушти "Олд Трафорд" ден откако "црвените ѓаволи" ја освоија титулата во Англија, но призна дека останал импресиониран од тоа како напаѓачот успеал да ја поврати добрата форма. "Младите играчи ќе се учат од Вејн Руни, а и тој ќе земе нешто од нив", смета Фергусон.

No comments:

Post a Comment