Wednesday, 2 October 2013

АВБ: НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДЛУКАТА НА ФА

-  АВБ: Одлуката на ФА за Торес е фарса

Менаџерот на Тотнем Андре Вилаш-Боаш го сподели своето несогласување со одлуката на ФА за инцидентот меѓу Фернандо Торес и Јан Вертонген.
"Оваа одлука е речиси фарса. Нема никакво значење кој играч или клуб е вовлечен. Не сакам, со моето искуство да ја заштитам нашата позиција и да ја ставам под прашање чесноста на Фернандо или нивниот менаџер. Мислам дека решението што го зеде ФА, е речиси како шега. Се чини неверојатно. Како е можно да се видат сите оние слики кои ја покажуваат јасно ситуацијата и да не биде изречено никаква казна за нешто што нема никаква врска со професионалното однесување? Мислам дека ова решение е неправедно", изјави Андре Вилаш-Боаш.

No comments:

Post a Comment