Wednesday, 2 October 2013

РОБИ, СТИВ И РОБ СЕ ВРАТИЈА ВО ТИМОТ НА ЛИВЕРПУЛ КАКО ТРЕНЕРИ

-  Роџерс врати легенди на "Енфилд"

Легендите на Ливерпул, Роби Фаулер и Стив Макманаман, како и уште еден поранешен играч на тимот Роб Џонс, се вратија во клубот.
Тројцата ќе работат во академијата, тие ќе помагаат во развојот на тимовите до 18 и 21 години. Менаџерот Брендон Роџерс бил тој, кој проценил дека тие ќе бидат корисни за тимот.
"Одлично е, тоа што Роби, Стив и Роб се кај нас. Уште во текот на летото разговарав со доста поранешни играчи за нивната улога овде, бидејќи за мене е важно поранешни фудбалери на тимот да бидат во тимот, бидејќи тие ќе бидат корисни за младите".
"Тие ќе работат со најголемите, бидејќи во оваа фаза тоа се момците кои можат да бидат корисни и на првиот тим. Станува збор за тренерски обврски, како и за воспитни функции и давање на совети",  изјави Роџерс пред "Ливерпул Ехо".

No comments:

Post a Comment