Tuesday, 1 October 2013

ВЕНГЕР МИСЛИ ДЕКА СЕДУМ ТИМА ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА

-  Венгер: Седум тима ќе се борат за титулата

Менаџерот на Арсенал, Венгер смета дека во сегашната сезона во Премиер лигата, седум тима имаат шанси да се борат за титулата во најсилното првенство на планетата.
"Имаме шанса за титула, но борбата е многу отворена. Ајде само да продолжиме да се трудиме и да гледаме напред. Кон четворката на најдобрите (од минатата сезона Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси и Арсенал) може да бидат додадени Ливерпул Тотнем и Евертон. Ова ќе е многу интересно. Сега сеуште се наоѓаме на раниот стадиум на сезоната, одигравме само шест натпревари, но сепак сум многу среќен од освоените 15 поени по поразот во првото коло".
"Што се измени во споредба со минатата сезона? Сега, ако играш со 80% од своите можности, нема да можеш да победиш ниту еден тим од Премиер лигата. Треба да играш со 95-100% и сето тоа ветува, сезоната да биде многу интересен"​​,  изјави Венгер.

No comments:

Post a Comment