Tuesday, 1 October 2013

ТАУНСЕНД СЕ ИЗВИНИ ЗА СИМУЛАЦИЈАТА ПРОТИВ ЧЕЛСИ

-  Таунсенд се извини за симулацијата против Челси

22-годишниот фудбалер на Тотнем, Андрос Таунсенд соопшти дека жали за инцидентот во натпревар на шестото коло од Премиер лигата со Челси, во кој доби жолт картон за симулација.
"Дефинитивно ова е жолт картон. Му кажав на судијата на полувремето, дека казната ми е заслужена, бидејќи кога влегував во шеснаесетникот таму беше поставена нога, но Лампард во последен момент ја тргна. Јас сепак паднав, но треба да се ослободам од тоа нешто во играта. Сè се случи многу брзо. Не можев да реагирам на дејствијата на Лампард. Ова е некаков инстинкт. Понекогаш правиш грешки и тоа паѓање си беше грешка од моја страна".
"Луѓето зборуваат дека на таков начин добив пеналот против Свонси, но тоа не е така, бидејќи тогаш имаше мал допир, а кога трчаш толку брзо, тоа е доволно да те турне. Штом има контакт, тоа веќе не е симулација, но во случајот со Лампард тој (Франк) избега од судирот", изјави Таунсенд.

No comments:

Post a Comment