Tuesday, 1 October 2013

НЕВИЛ: ОВАА РАКОВОДСТВО ЌЕ МУ ДАДЕ ШАНСА НА МОЈС

-  Невил: Мојс ќе го добие потребното време

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гари Невил раскажа за кредитот на доверба кон менаџерот на "црвените ѓаволи" Дејвид Мојс.
"Без сомнение, Мојс уште не разбрал до крај на она што е способен овој тим, тој ги проучува можностите на тимот. Луѓето обрнуваат внимание на неговите негативните коментари на прес-конференциите. Приврзаниците на Јунајтед сепак не сакаат да бидат реални, тие сонуваат за победи во шампионатот и во Лигата на Шампионите".
"Можам да ве уверам дека, при актуелното раководство Мојс нема да го напушти клубот во блиска иднина. Ќе му дадат три или четири сезони за да изгради тим. Ова се разбира одзема некое време и тој ќе го добие. Токму на ист начин беше кај Арсен Венгер во Арсенал", изјави Невил.

No comments:

Post a Comment