Wednesday, 2 October 2013

МУРИЊО: ДОМИНИРАВМЕ ПРОТИВ СТЕАУА

-  Мурињо објасни како Челси ќе ја прескокне групата

Челси требаше задолжително да ја победи Стеауа, по изненадувачки пораз од Базел на стартот на Лигата на Шампионите и тимот на Жозе Мурињо покажа дека, си зел поука.
"Резултатот е одличен, победивме, не примивме гол. Нашата презентацијата  беше повеќе од убедливо. Во Лигата на Шампионите никогаш не е лесно на гостински терен, но ние доминиравме од првата минута. Игравме паметно и веќе имаме 3 поени од два натпревари, во кое нема ништо драматично. Ривалите не се далеку од нас. Шалке има предност, но ни претстојат два натпревари со нив. Очекувам да земеме поени од дуелите со германците, а потоа да ги победиме Базел и Стеауа и да се пласираме напред", во типичен стил изјави Мурињо.


No comments:

Post a Comment