Wednesday, 2 October 2013

ТОРЕС АУТ 2 НЕДЕЛИ ОД ТЕРЕНИТЕ

-  Мурињо очекува Торес да биде подготвен за игра после 2 недели

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо очекува шпанскиот напаѓач во тимот Фернандо Торес да биде подготвен за игра после 2 недели.
"Лошата вест е повредата на Торес. Штета за момчето, бидејќи тој се наоѓаше во многу добра физичка состојба. Играше фантастично против Тотнем и заслужуваше да започне како стартер. Штета навистина, но тоа е фудбалот. Докторот е убеден дека не станува збор за тешка повреда, како кај Марко ван Гинкел но проблемот е во коленото, нешто со тетивите и треба да почекаме дополнителните тестови. Фернандо знае дека нема да игра против Норич (шпанецот е казнет за овој натпревар) и нема да се вклучи во шпанскиот национален тим. Тој знае дека има 15 дена до следниот натпревар во кој може да игра против Кардиф", изјави Мурињо по натпреварот во романската престолнина. 


No comments:

Post a Comment