- Венгер: Првото полувреме беше фантастично
Арсенал со леснотија го победи Наполи и постигна втор успех во Лигата на Шампионите. По натпреварот менаџерот на "топџиите" Арсен Венгер не штедеше пофалбите кон своите фудбалери.
"Одигравме неверојатен натпревар, особено првото полувреме беше фантастично. Покажавме сè, што човек сака да го види во фудбалот. Во второто полувреме игравме зрело и смирено, но продолживме да создаваме гол шанси. Многу сум задоволен од Артета и Фламини. Матио мораше често да се вклучува во нападите, заедно со Рамзи, и се справи одлично. Секако, не можам да не го споменам и Озил".
"Две победи на стартот, тоа е прекрасно. Следните два натпревари се одлучувачки. Се надевам по паузата поради националните тимови да играме на истото високо ниво", коментира Венгер.

No comments:
Post a Comment