- Пардју посакува место во ТОП 10
Менаџерот на Њукасл, Алан Пардју е сигурен дека неговиот тим може да заврши во првата половина на табелата, покрај лошиот старт на сезоната.
"Имаме шанси да влеземе во Топ 10. До моментов сме непостојани, особено во одбраната, но имаме потенцијал. Јасно е дека, треба да се стабилизираме и за таа цел ќе има промени во тимот".
"Го разбирам незадоволството на навивачите, откако губевме со 3:0 и игравме ужасно во одбраната. Сепак, мислам дека, потоа тие видоа и работи, кои можеме да ги надградиме, имено дух, желбата за борба и квалитет во тимот", изјави Пардју.

No comments:
Post a Comment