Friday, 4 October 2013

БОЛ: МОЈАТА СУДБИНА ВО САНДЕРЛЕНД ЗАВИСИ ОД СРЕДБАТА СО ЈУНАЈТЕД

-  Бол кажа, дека неговата судбина зависи од натпреварот со Јунајтед

Привремениот менаџер на Сандерленд, Кевин Бол кажа, дека неговите перспективи во клубот сега зависат од резултатот на средба од Премиер лигата на против Манчестер Јунајтед.
Бол одамна работи во структурите на клубот, а голем дел од навивачите на Сандерленд ја одобруваат идејата Бол да биде назначен за постојан менаџер.
"Разговарав со раководството во текот на неделата. Тие ми рекоа да се подготвувам за саботниот натпревар, по што ќе разговараме повторно. Потполно сум задоволен од тоа. Навистина, некои луѓе можат да кажат дека е подобро сам да се повлечам, за да се реши побрзо прашањето, но на крајот раководството одлучи да почека малку", изјави Бол.

No comments:

Post a Comment