- Глен Џонсон повторно тренира со Ливерпул
Десниот бек на Ливерпул и репрезентацијата на Англија, Глен Џонсон одржа денес комплетна тренингот со тимот на Брендан Роџерс. Ова е првиот тренинг на дефанзивецот со тимот на Ливерпул по шест недели надвор од терените. 29-годишниот дефанзивец заработи повреда на глуждот за време на дербито на Англија против Манчестер Јунајтед на 1 Септември и оттогаш е надвор од терените. Тогаш тој доби повреда на лигаментите во глуждот по судир со Патрис Евра. Се очекуваше Џонсон да се опоравува 10 недели, но тој е на пат да се врати на теренот барем дваесет дена порано.

No comments:
Post a Comment