Friday, 4 October 2013

АРТЕТА: ОЗИЛ Е ПОСЕБЕН ИГРАЧ ВО АРСЕНАЛ

-  Артета: Озил е посебен играч

Фудбалерот на Арсенал Микел Артета го пофали новото засилување на тимот Месут Озил.
"Стилот на игра на Арсенал? Тој не се промени. Главната разлика во споредба со минатата година е што почнавме да победуваме. Тоа ни дава самодоверба. Со доаѓањето на Озил се зголеми квалитетот на игра на тимот. Месут е посебен играч. Впрочем, тоа не зависи дали постигнува погодоци или не. Неговите показатели за асистенции се најдобри во Европа, а тоа импресионира. Тој веќе докажа, дека може да го реши исходот на секој натпревар во корист на својот тим. Уживам во фактот, дека играм заедно со Озил. Таа се чувствува среќен во нашиот колектив и одлично се вклопува во нашата шема", изјави Артета.

No comments:

Post a Comment