- Рафаел: нема да го напуштам Јунајтед
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел да Силва ги негираше гласините дека може да го напушти англискиот шампион, за да се врати во својата татковина, каде ќе игра за Коринтијанс.
Во Јужна Америка се зборува, дека 23-годишниот играч може да си замине од " Олд Трафорд" по крајот на сезоната. Како мотив да заигра во Бразил се истакнува неповикувањето на десниот бек во националниот тим на својата земјата.
"Не мислам да го напуштам Манчестер Јунајтед, особено откако минатата сезона играв толку силно. Нема причина да заминам сега. Јас играм тука, стартер сум и не планирам да се вратам во Бразил", изјави Рафаел.
Агентот на играчот каси Касиано Переира исто така, ги негираше гласините.

No comments:
Post a Comment