- Ивановиќ: Сите очекуваме многу од Вилиан
Дефанзивецот на Челси, Бранислав Ивановиќ, призна дека сите во тимот очекуваат многу од Вилиан.
"Вилиан покажа, дека може да ги подобрува перформансите и мислам, дека тој може да ги импресионира момци во тимот повеќе. Ние очекуваме многу од него. Голот е многу важен за самиот него, како и за неговата самодоверба и мотивација", изјави Ивановиќ за официјалниот сајт на ФИФА.
Ивановиќ, исто така, истакна, дека фановите можат да очекуваат повеќе од Самуел Ето, кој во моментов разочара со настапот.
"Ето е фудбалер кој сеуште е нов во нашиот тим. Ние сепак се обидуваме да му помогнеме и да го решиме брзо проблемот со неговата аклиматизација. И тој, и Виланн се фудбалери со фантастични квалитети", заврши Ивановиќ.

No comments:
Post a Comment