- Двојна радост за Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Арон Рамзи и тренерот на "топџиите" Арсен Венгер беа избрани за најдобар играч и најдобар менаџер во Премиер лигата на Англија за месец Септември. Првиот месец во Есента лондончани го започнаа со минимална победа над Тотнем. Потоа избраниците на францускиот специјалист ги победија Сандерленд Стоук и Свонси.
Арсенал го започна Септември на 12-то место во табелата, потоа на крајот на истиот месец лондончани беа лидери во Премиер лигата.
Во овој период, 22-годишниот Рамзи постигна четири гола, во дуелите со Свонси, Стоук и два пати против Сандерленд.

No comments:
Post a Comment