- Пул нема да се раздели со Суарез за помалку од 55 милиони
Темата за напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез повторно се врати на дневен ред меѓу британските медиуми, независно од тоа што играчот по враќањето во тимот демонстрира желба за игра со црвениот дрес и дури забележа два погодока против Сандерленд викендов, со што му помогна на Ливерпул да забележи убедлива победа и да се вратат на второто место на табелата во елитата.
Ливерпул сепак нема намера да отстапува од првичните намери да заработи многу пари од евентуална продажба на Сууарес и ако Реал повторно пројави интерес кон Суарез, Ливерпул ќе побараат за својот напаѓач најмалку 55 милиони фунти.

No comments:
Post a Comment