- Фулам започна преговори со Моленстијн
Сопственикот на Фулам се сретна и одржа преговори со поранешниот помошник тренер во Манчестер Јунајтед, Рене Моленстијн. Како што е познато, претходно се појавија информации, дека поради слабиот старт во првенството, 4 поени освоени од 6 натпревари тренерот на "котиџерс" Мартин Јол сака да го донесе холандскиот специјалист во улога на асистент.
И покрај тоа што преговорите со Рене веќе се започнати, поранешниот тренер во Јунајтед сака да добие функцијата со поголем статус во Фулам. Како што соопштува BTsport, 49-годишниот Моленстијн соопштил дека е подготвен да го замени Јол, ако Мартин биде отпуштен поради лошите резултати.

No comments:
Post a Comment