- Венгер им предлага нови договори на Сања и Мертезакер
Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер има намера да им предложи нови договори на Бакари Сања и Пер Мертезакер, пишува англискиот таблоид "Телеграф". По привлекувањето на Месут Озил, францускиот специјалист сака да ги задржи играчите и да изгради еден добар тим, кои ќе се бори за трофеи. Се зборуваше дека францускиот дефанзивец ќе го напушти "Емирејтс" во текот на летото, но тоа не се случи. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и најверојатно ќе добие предлог од раководството за негово продолжување од година-две.
Германскиот репрезентативец Мертезакер, му се приклучи на лондонскиот клуб во 2011 година и стана стартер за "топџиите". До крајот на неговиот договор има уште две години, но Венгер смета дека е убаво тој да биде продолжен.

No comments:
Post a Comment