CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Thursday, 5 September 2013

ПАРДЈУ: СО КАБАЈ ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА НЕГОВАТА СИТУАЦИЈА.

-  Пардју: Треба да разговараме за многу нешта со Кабај

Менаџерот на Њукасл Алан Пардју коментира ситуацијата со полудефанзивецот Јохан Кабај, кој не успеа да го напушти тимот во изминатиот преоден рок.
"Беше важно да пуштам Кабај на теренот во саботата, така е полесно за да се движиме напред. Секако, до натпреварот со Астон Вила ни претстои разговар за многу работи. Ќе разговараме со Јохан и неговиот претставник, за да знаеме, како ќе работиме понатаму".
"Претстои Светското првенство во фудбал, репрезентацијата на Франција смета на Кабај. Сега не го повикаа, и мислам дека тоа за него беше вистински шок. Но сметам дека тоа е поради ситуацијата со неговото евентуално заминување, инаку сметам дека тој има сигурно место во составот. Очекувам поволно решавање на ситуацијата ", изјави Пардју.

No comments:

Post a Comment