- Ван Перси: Го гледам Гигс, ќе се обидам да играм уште 10 години
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и на холандскиот национален тим Робин ван Перси е убеден дека предстојното светско првенство2014 година во Бразил нема да биде неговото последно натпреварување во кариерата.
"Во Бразил сакаме да се претставиме подобро отколку на Евро-2012 година. И Светското првенство нема да биде моето последено големо натпреварување во меѓународната кариера, Јас никогаш не сум имал тешки повреди и едвај ќе имам проблеми со мускулите. Ќе можам да играм уште десет години. Ми дава стимул тоа, кога гледам како изгледа Рајан Гигс секој ден работи на тренинзите и како игра фантастично на натпреварите", изјави Ван Перси.

No comments:
Post a Comment