CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 3 September 2013

НОВ РЕКОРД ПО БРОЈ НА ПОТРОШЕНИ СРЕДСТВА ВО АНГЛИЈА.

-  Нов рекорд за најмногу потрошени пари во Премиер лигата

Фудбалските клубови во Англија ова лето потрошија околу 745 милиони евра на трансфер пазарот на фудбалери, кој беше затворен во понеделникот вечерта, на тој начин го подобрија својот претходен рекорд од 2008 година (588 милиони евра за трансфер на фудбалери), пренесе агенцијата Франс прес, повикувајќи се на истражување на кабинетот Делоит. Покрај светската економска криза, која го засегна и фудбалот, трошоците за трансфери на фудбалери, ова лето во Англија е со 29 проценти повеќе во споредба со минатата година: Премиер лигата потрошила "само" 580 милиони евра за привлекување на нови фудбалери. Освен тоа англиските клубови потрошија 120 милиони помеѓу себе за внатрешни трансфери.

No comments:

Post a Comment