- Маруан Фелаини зема број 31 во Манчестер Јунајтед
Новото засилување Маруан Фелаини ќе игра со бројот 31 во Манчестер Јунајтед. Белгискиот репрезентативец премина од Евертон на "Олд Трафорд" за 27.5 милиони фунти. Фудбалерот повторно ќе работи со Дејвид Мојс, кој до минатата сезона беше менаџер на "карамелите", а сега е на чело на Јунајтед.
Белгиецот премина во Евертон од Стандард Лиеж во 2008 година, по што одигра 173 натпревари во дресот на "карамелите". Маруан Фелаини има и 42 натпревари во дресот на белгискиот национален тим.

No comments:
Post a Comment