- Фелаини: Манчестер Јунајтед ме импресионира во 1999 година
Новото засилување Маруан Фелаини се надева Манчестер Јунајтед, пак да ја освои титулата во англиското првенство.
"Се надевам дека ќе ја освоиме титулата во Премиер лигата. Ќе сторам сé што треба за да се случи тоа. Никогаш нема да го заборавам финалето во Лигата на Шампионите во 1999 година. Тогаш сфатив дека Јунајтед е мојот тим. Бев воодушевен, и да играм за тимот беше мојот голем сон. Кога дојде повикот од Манчестер, не требаше да размислам многу. Веднаш се согласив. Никогаш во животот не сум го напишал своето име толку брзо. Се жртвував поради парите, но сега тоа не е важно. Единственото што ме интересираше беше да потпишам договор и да го исполнам својот сон", рече 25-годишниот Фелаини.

No comments:
Post a Comment