- Капитенот на Арсенал се враќа на крајот на Септември
Капитенот на Арсенал, Томас Вермаелен ќе се врати во игра на крајот на месецов. Централниот дефанзивец ги пропушти целите предсезонските подготовки на "топџиите" поради повреда на грбот, но се очекува да се појави на теренот во натпреварот со ВБА во Купот на Лигата.
"До натпреварот со Вест Бромич остануваат неколку недели, и се надевам дотогаш сè да биде во ред. Тоа беше интересна ждрепка за нас, бидејќи ВБА изгледа сериозен противник и ќе биде тежок натпревар. Не можам да определам датум за моето враќање, затоа што треба да видиме како ќе реагира моето тело на физичките оптоварувања", коментира Вермаелен.

No comments:
Post a Comment