- Вудвард го признал неуспехот на Манчестер Јунајтед на трансфер пазарот
Новиот извршен директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард признал, дека шампионите не успеаја на трансферниот пазар. Навивачите на тимот очекуваа барем еден звучен трансфер во ерата по Алекс Фергусон, кој ќе докаже дека Јунајтед ќе остане на врвот дури, и по повлекувањето на шкотланѓанецот. Според "Мирор", Дејвид Мојс побарал од заменикот на Дејвид Гил во клубот да бидат донесени две централни полудефанзивци и конкурент на Патрис Евра за левата зона на одбраната. На крајот "црвените ѓаволи" успеаја да го донесат само Маруан Фелаини минути пред затворањето на летниот трансфер прозорец. Вудвард не успеа во преговорите за четворица играчи од средниот ред - Тиаго Алкантара, Цеск Фабрегас , Даниеле де Роси , а во последниот ден на пазарот не успеаја да го комплетираат трансферот на Андерс Ерера од Атлетик Билбао. Последниот ден беше одбележан и од договорената, но пропадната поради временската разлика зделка за Фабио Коентрао. Извршниот директор признал пред свои доверливи луѓе, дека не ги постигнато цели во текот на ова лето, но и покрај се, смета дека критиките кои се упатуваат кон тимот се премногу. Според Вудвард, мнногу потценета се напорите во тимот да биде задржан Вејн Руни, кој лично Жозе Мурињо го опиша како цел број еден за засилување на напаѓачаката моќ. Сепак, новиот шеф прифатил дека можел да направи повеќе за зајакнување на составот и ќе се обиде да ги поправи погрешните чекори во зимата.

No comments:
Post a Comment