- Сити прати на позајмица фудбалер во Махачкала
Манчестер Сити го прати на позајмица халфот Абдул Разак во рускиот Анжи Махачкала. Минатата сезона 20-годишниот фудбалер настапи на 3 натпревари во Премиер лигата, а во оваа сезона не го има облечено небесносиниот дрес.
Разак е позајмен во Махачкала за шест месеци, но со опција за купување, соопшти претставникот на играчот Дмитриј Сељуков пред ИТАР-ТАСС.
"Ако клубот сака да го купи во зима овој играч, пречки нема да има. Тој е само на 20 години, игра за националниот тим на Брегот на Слоновата Коска и најверојатно ќе учествува на светското првенство ", изјави Сељуков.

No comments:
Post a Comment