- Арсенал го враќа Калу во Премиер лигата
Поранешниот напаѓач на Челси, Саломон Калу може да се врати во англиската Премиер лига, и да го облече дресот на друг лондонски клуб - Арсенал, тврди во денешното издание "Дејли Меил".
Се смета дека, репрезентативецот на Брегот Слонова Коска може да замине од Лига 1, а менаџерот на "топџиите" Арсен Венгер може да ја искористи ситуацијата.
Според "Дејли Меил", разговори меѓу Арсенал и Лил веќе започнале, Венгер уште располага со време за да го финализира евентуалениот трансфер. Износ од 2.6 милиони фунти може да биде доволна, Арсенал сеуште има солиден буџет за трансфери, имајќи предвид дека "Професорот" сеуште не е трошел пари ова лето.

No comments:
Post a Comment