- Рио: Ливерпул нема да може да претендира за титулата
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд не верува дека Ливерпул ќе претендира во борбата за титулата во Премиер лигата.
"Сеуште е премногу рано да се каже дали тие ќе можат да влезат во борбата на клубовите во топ 4. Јас не мислам, дека некој ги видел како конкуренти пред почетокот на шампионатот. Но тие ја започнаа сезоната многу добро, што им овозможува да имаат добра позиција на табелата по три натпревари. Сепак, мислам дека конкуренцијата за титулата ќе се води меѓу Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челси, а Ливерпул, Тотнем и Арсенал ќе се бори за четвртото место", рече Фердинанд пред клупската телевизија.

No comments:
Post a Comment