- Кутињо: До неодамна не бев слушнал за Дејвид Мојс
Бразилската ѕвезда на Ливерпул, Фелипе Кутињо изјави доста изненадувачки дека пред трансферот на "Енфилд " не слушнале за Дејвид Мојс , новиот менаџер на Манчестер Јунајтед .
Запрашан дали знаел кој е Дејвид Мојс пред трансферот во Ливерпул , Бразилецот одговори негативно.
"Не " , рече тој , цитиран од "Goal.com" .
"Искрено не се сеќавам да сум гледал како Јунајтед ги осфојува трофеите " Запрашан дали ја познава историјата на "црвените ѓаволи", и тоа колку трофеи освоиле .
"Сеуште не сум имал шанса да играм против Јунајтед , но од она што сум го слушнал за дербито помеѓу двата тима, сметам дека тоа е со повеќе страст од миланското дерби " .
" Фудбалот во Англија е пооспоруван, отколку во Италија . Секој натпревар е многу тежок, бидејќи судијата не свири толку многу како во Италиј , а освен тоа, секој тим игра против секој како за финале" .
"Го сакам англискиот фудбал , бидејќи во него мора да размислувате брзо . Темпото на игра е побрзо, па немаш многу време за размислување " .
"Мислам дека Јунајтед ќе продолжи да игра како и обично, бидејќи тие имаат големи фудбалери. Само менаџерот им е нов, но јас сум сигурен дека сакаат да победат. Тие имаат навистина големи фудбалери " .
"Тоа што го смениле тренерот , не значи дека излегле од шините . Ние пак имаме желба да го надомести изгубеното време, победа против Јунајтед ќе ни помогне значително, изјави Кутињо.

No comments:
Post a Comment