- Кристијан Атсу преминува во Челси
Англискиот Челси е во напредни преговори со Порто за крилото Кристијан Атсу. Според "Скај Спортс", тренерот на "сините" Жозе Мурињо сака да го донесе 21-годишниот фудбалер во своите редови, со што ќе го затвори трансфер прозорецот на Челси. Португалскиот специјалист сака да донесе уште еден офанзивен фудбалер по трансферот на Вилиан од Анжи.
Кристијан Атсу објави слика на својот профил на Твитер, држејќи дрес на Челси. Крилото влегува во последната година од договорот со Порто и се очекува 3,5 милиони фунти да бидат доволни за неговото преминување во Челси.
Пред две години Атсу беше на позајмица во Рио Аве, каде за прв пат го привлече вниманието врз себе.

No comments:
Post a Comment