- Јол пак ги критикуваше напаѓачите
Менаџерот на Фулам, Мартин Јол сосема логично беше незадоволен од претставувањето на својот тим во нападот при поразот со 0:1 од Њукасл во 3-тото коло на Премиер лигата.
"Не сметам дека натпреварот беше особено тежок. Според мене можевме да демонстрираме доста повеќе игра денес и да земеме неколку точки."
"Во првото полувреме изгледаме добро во средниот ред, игравме на малку поинаков начин. Единственото за кое можеме да бидеме критикувани. Тоа што ни недостигаше острина во нападот. Имавме 3 или 4 ситуации пред голот, кога не успеавме да ја контролираме топката преку Дарен Бент и Александар Качаниклич - можевме да го казниме Њукасл ".
"Заслуживме барем бод. Задоволен сум од моите дефанзивците и полудефанзивци. Бент цело време играше со човек на грбот. Можеше да се претставиме подобро и да создадеме повеќе опасности ", заврши Јол.

No comments:
Post a Comment