- Арсенал е подготвен да плати за Суарез во Јануари
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер ќе добие зелено светло за реализирање на уште еден звучен трансфер по отварањето на пазарот за играчи во Јануари.
Како што е соопштува денешниот британски печат, Венгер не е целосно задоволен од сегашниот трансфер прозорец и смета, дека неговиот тим е ранлив на позицијата на централниот напаѓач, бидејќи Оливие Жиру нема достојна алтернатива.
Во врска со тоа шефовите на Арсенал се подготвени да финансираат уште еден звучен трансфер во Јануари, бидејќи од спомнатите 70 милиони фунти, за кои претходно се соопштуваше дека, се обезбедени за нови играчи, останаа околу 28 милиони фунти.
Изворите соопштуваат дека, Венгер го задржал својот интерес кон напаѓачот на Ливерпул Луис Суарез. Менаџерот на Арсенал продолжува внимателно да ја следи ситуацијата со Суарез.

No comments:
Post a Comment