- Сандерленд загуби шкотски репрезентативец за неколку недели
Шкотскиот репрезентативец Стивен Флечер од Сандерленд доби повреда на рамото и ќе отсуствува од терените во следните неколку недели. Напаѓачот го измести рамото за време на загубата на "црните мачки" со 0:3 од Вест Бромич во натпревар од Премиер лигата минатата Недела.
"Вестите се подобри од очекуваното. Да се надеваме дека тој ќе биде надвор од игра за шест недели", изјави Кевин Бол, привремениот менаџер на Сандерленд.

No comments:
Post a Comment