- Мурињо: Не сум дете како Вилаш-Боаш
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо го определии конкурентот на чело на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш како "дете" по коментарите на неговиот поранешен помошник во Челси и Интер за тоа дека двајцата тренери веќе не поддржуваат никаква врска.
"Не би ги опишувал на било кој начин. Јас не сум дете кое споделува такви работи со медиумите. Тоа се лични односи и не сум застанал пред вас, за да ги дискутирам. Не ме возбудува што рекол тој. Не сум на оваа прес-конференција за да ги коментирам неговите зборови. Не ме интересира". "Играв финале во Лигата на Шампионите против менаџер, кој беше многу важен за мојата кариера, кој ми даде шанса да израсна и ме научи на многу нешта. Но, требаше да застанам против него во финале во ЛШ. И јас пристапив кон натпреварот професионално, како што направи и тој. Ова е начинот по кој се прават работите", додаде Мурињо.
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо ги сподели своите ставови за претстојниот ривал од шестото коло на Премиер лигата против Тотнем.
"Титулите се освојуваат од тимовите, а не од одделни силни играчи, поради тоа во моментов Тотнем е многу сериозен кандидат за шампионската титула. Тотнем стана шампион на трансфер пазарот ова лето. Сакам да игра против овој тим поради големото ривалството меѓу клубовите, изјави Мурињо.

No comments:
Post a Comment