- Даниел Агер се враќа
Централниот дефанзивец на Ливерпул Даниел Агер ќе биде подготвен за игра за гостувањето на Ливерпул против Сандерленд во Премиер лигата. Данскиот дефанзивец го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед од "Кепитал Ван Кап", изгубен од "црвените" со 0:1. Тој имаше проблеми со колкот, но веќе е целосно подготвен за игра.
"Даниел тренира со тимот во последните два дена и најверојатно ќе биде подготвен за натпреварот. Со исклучок на неговото враќање, нема други добри вести поврзани со повредите во нашиот тим", коментираше пред дуелот со "црните мачки" менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс.

No comments:
Post a Comment