- Сити без Агуеро против Астон Вила
Напаѓачот Серхио Агуеро ќе го пропушти натпреварот на Манчестер Сити во Премиер лигата против Астон Вила во Сабота, соопшти менаџерот на "небесносините" Мануел Пелегрини. Аргентинскиот репрезентативец ќе добие одмор од тренерското раководство пред натпреварот на Сити против европскиот шампион Баерн Минхен од групната фаза во Лигата на Шампионите.
"Агуеро го заврши своето учество во дербито со мала болка. Не е нешто сериозно, но не мислам да ризикуваат и да го вклучам во составот во три последователни дуели. До следната Недела тој ќе биде целосно здрав", изјави Пелегрини.

No comments:
Post a Comment