- Суарез се враќа како крило во Ливерпул
Голгетерот на Ливерпул во минатата сезона Луис Суaрес ќе се врати во улогата на крило во првиот состав на Ливерпул, кога ќе му истече казната. Уругваецот треба да истрпи уште два натпревари од казната од десет средби што му беше наметната поради каснувањето на Бранислав Ивановиќ. Суарез ќе биде во составот за дербито од "Кепитал Ван Кап" против Манчестер Јунајтед на 25 Септември. Се очекува Ливерпул да изгледа доста занимливо во нападот кога уругваецот се врати. Најверојатно тој ќе игра по крилната позиција. На врвот на нападот ќе остане Даниел Стариџ, кој ги реализира сите три шампионатни гола на тимот на почетокот на сезоната. На другиот крило ќе игра новото засилување Виктор Моузес, додека Филипе Кутињо кој играше како лево крило, ќе биде преместен зад Стариџ и ќе ги влече конците во нападот на "црвените".

No comments:
Post a Comment