- Фелаини се откажал од 4 милиони поради трансферот во Јунајтед
Трансферот на полудефанзивецот Маруан Фелаини од Евертон во Манчестер Јунајтед неколку часа пред затворањето на тарансфер прозорецот се наоѓал на границата на неуспехот. "Црвените ѓаволи" предложиле за 25-годишниот фудбалер на репрезентацијата на Белгија не повеќе од 23,5 милиони фунти - токму тоа е износот за откуп на договорот на Маруан, кој беше во сила до 31 Јули и повторно требаше да биде активиран по 1 Јануари 2014 .
Според информациите Евертон побарал за Фелаини 27.5 милиони фунти и кога работите оделе кон тоа договорот да не се реализира во Понеделникот, околу 20 часот по локално време фудбалерот упатил официјално барање за трансфер, со што практично се откажал од бонус во размер на 4 милиони фунти, кој би требало да добие, останувајќи во мерсисајдскиот клуб.

No comments:
Post a Comment