CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Wednesday, 4 September 2013

НАЈУСПЕШНИОТ МЕНАЏЕР ВО ФУДБАЛОТ, СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН ЈА ПРОМОВИРА СВОЈАТА АВТОБИОГРАФИЈА.

-  Ја издаваат биографија на Алекс Фергусон

Промоцијата на автобиографијата на Сер Алекс Фергусон ќе се одржи на 23 октомври 2013 година во Лондон. Предвидено е да има и специјални промоции во различни градови во Велика Британија, каде гостин ќе биде поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед. Салфорд (северозападна Англија) Глазгов и Абердин (Шкотска), Даблин (Ирска) и повторно Лондон, се некои од местата на кои на крајот на Октомври и почетокот на Ноември ќе гостува Сер Алекс по повод издавањето на книгата. За 23 Октомври е предвидена специјална прес-конференција во англиската престолнина, на која треба да присуствуваат издавачот, авторите на книгата, како и Алекс Фергусон. Автобиографијата на поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ќе биде пуштена во продажба на 24 Октомври.

No comments:

Post a Comment